Новиот бугарски мандатар за формирање на Владата, Асен Василев, од „Продолжуваме со промени“ денеска го доби мандатот и веднаш се осврна и на случувањата во земјава околу францускиот предлог.
Според него, во Скопје има мислење дека на маса имаат пробугарски предлог. Василев нагласи дека Бугарија би требало да биде задоволна што „тој пробугарски предлог не создава проблеми кај нив, туку создава проблеми кај соседите“.
Во однос на македонското прашање ние си ја завршивме работата. Колегите од Македонија сметаат дека тоа е пробугарски предлог. Ние треба да сме задоволни од тоа што тој пробугарски предлог им создава проблеми на соседите, а не на нас, изјави Василев.