Партија за движење на Турците – ТХП: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се откажат од деструктивните политики

Република Северна Македонија поминува низ еден историски процес, кој треба да се заокружи успешно и во полза на државните интереси. Затоа сметаме дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да се откажат од деструктивните политики кои не носат никаква корист на државата и граѓаните. Се прашуваме, како во ВМРО – ДПМНЕ успеаа за само неполн час да го анализираат целиот предлог и да излезат со остри ставови. Ваквата ситуација отвара простор за сомнеж околу искрените намери на опозицијата.

Партијата за движење на Турците – ТХП детално го разгледува целиот документ, но и ги повикуваме сите општествени чинители за создавање на култура на дискусија за вакви важни теми.
Деструктивните политики на ВМРО – ДПМНЕ во иднина можат да резултираат со нови деструктивности, затоа под итно треба да се отфрли таквиот пристап.
Треба да знаете
Последни објави