Словенечкиот премиер предупредува на информациската војна од Москва на Балканот

Словенечкиот премиер Робер Голоб предупреди за руското влијание на Балканот. Голоб предупредува дека земјите од овој регион мора да имаат план  како да се спротивстават на очигледното руско влијание врз јавноста и „информациската војна“ која доаѓа од Москва.

Во интервју за британски Би-би-си, Голоб кажал дека „делови од балканското население се со наклонети ставовите кон Москва и затоа со владите на Балканот треба да се работи на тоа да се приближат кон европскиот став“.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, Голоб предупредува и на досегашните грешки на Западот во однос на Русија.

-Настаните во Украина може ќе се одвиваа поинаку ако НАТО во однос на Русија постапуваше како што постапува кон Кина. Тоа е лекција која мора да ја научиме, кажал словенечкиот премиер Голоб.

 

Треба да знаете
Последни објави