Силно невреме го зафати Чаир, голем дел од улиците се под вода. Според информациите од терен дел од нив се затворени и недостапни за сообраќај.
Слична е состојбата и во останати делови од Скопје, Илинденска е под вода, а сообраќајот се одвива отежнато. Засега не се пренесени информации за штети, но очекуваме повеќе информации од надлежните институции во следните часови.