Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ја објасни ситуацијата по мечот со сонародникот Миомир Кецмановиќ во третото коло на Вимблдон (6:0, 6:3, 6:4).
Ѓоковиќ по завршувањето на мечот отиде на мрежа и се поздрави со Кецмановиќ, но не го стори тоа и со главниот судија.
– Навистина не се ракував? Ах, па затоа ме погледна така. Помислив во тој момент дали му подадов рака или не… Се извинувам, ништо лично. Повеќе од една година не ни беше дозволено да се ракуваме. Мислам дека тоа е последица на ова, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата по мечот.
Во осминафиналето на Грен слемот во Лондон, Ѓоковиќ утре ќе се соочи со холандскиот тенисер Тим ван Ријтховен.