68-годишната Елизабет Сквајер од Австрија била нападната од ајкула во познатото египетско летувалиште Хургада, пишува „Дејли мејл“.
Жената, вчера вечер, била префрлена во болница со тешки повреди, но и покрај напорите на лекарите, починала.
Според пишувањата на „Дејли мејл“, плажата веднаш била затворена на три дена затоа што инцидентот се случил додека на плажата имало голем број посетители.
– Бидејќи ајкулата и ги одгризала раката и ногата на жената, според степенот на повредите можеме да претпоставиме дека се работи за мако или тигреста ајкула. Ја однеле во болница, но набрзо починала – вели Раденко за српскиот портал.
Тој додава дека целиот инцидент се случил синоќа околу 19 часот, во време кога во овој дел од морето во голема мера е забрането пливањето.
– Колку што слушнав, таа била во плитко и нуркала, вели тој.
– Туристите фрлаат храна која привлекува предатори и тоа е со причина забрането. Неодамна во овие води се појавија и големи туни кои ги ловат рибарите. Се претпоставува дека во тоа време рибарите ја чистеле рибата што ја уловиле и ја фрлале утробата во водата и дека тоа ја привлекло ајкулата – објаснува Раденко.