За што и против што протестира ВМРО-ДПМНЕ?! Истите ликови кои ја поддржуваат Русија сега се против францускиот предлог

Вчера попладне десетици граѓани главно симпатизери на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се собраа пред зградата на Владата да протестираат против францускиот предлог за кревање на бугарското вето.

На протестот пред присутните се обрати и Томче Ширков, член на претседателството на Родина.

Ширков кој обвинуваше за предавство на Владата е истиот лик кој во март оваа година на собир пред руската амбасада ја оправдуваше руската агресија врз Украина.

Оттука во јавноста се поставува прашањето за што односно против што протестира политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која и денеска повикува на протести?

Дали за поддршка на Русија или против членството на Македонија во ЕУ?

На протестите закажани за денеска отворена поддршка даде и Левица, партија која води експлицитна анти НАТО анти ЕУ и проруска политика.

За потсетување, на последниот протест на ВМРО-ДПМНЕ на 18 јуни во масата народ можеа да се забележат и руски знамиња, што сериозно имоплицира на руска вмешаност во протестите.

Треба да знаете
Последни објави