Кожуф ќе го предводи поранешниот селектор Јовановски

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Ѓоре Јовановски е нов тренер на Кожуф кој во новата сезона ќе настапува во единствената Втора лига.

-Се ближи почетокот на сезоната 2022/2023 год. Полека финишираме со подготовките и се насочуваме кон предизвиците што претстојат. Целите на ФК КОЖУФ е да се биде стабилен второлигаш, главно потпирајќи се на сопствениот играчки кадар. Од новата сезона ФК КОЖУВ ќе стави посебен акцент на младите кадри, кои би требало да донесат нова свежина во фудбалот на градот. Гевгелија е била и ќе биде расадник на млади таленти. Огромна чест и задоволство ни претставува што во нашите редови , ќе го имаме најтрофејниот тренер Ѓоре Јовановски. Само со желба и дисциплина ќе се дојде до успех. Во оваа прилика, се заблагодаруваме на тренерот Васе Беќаров кој несебично се залагаше за клубот и во иднина му посакуваме само успеси – соопшти ФК Кожуф.

Во својата кариера Јовановски  на домашната сцен ги предводеше екипите на Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Металург, Брегалница, Беласица, Шкендија и Милано.

Треба да знаете
Последни објави