Силен ветар, дожд и град направија хаос во делови од Скопје

Силно невреме проследено со ветар, дожд и град нешто после 15.30 часот зафати делови од  Скопје. Според сликите кои се споделуваат на социјалните мрежи има откорнати и искршени дрва кои се паднати врз паркирани автомобил. Некои улиуци се потопени со вода и се тешко проодни за сообраќај.

Во вода плива и Илинденска, а подвозникот кај старта железничка станица е полн со вода и непрооден.

Повеќе информации за евентуалните направени штети се очекуваат од надлежните институции.

Треба да знаете
Последни објави