Поранешниот македонски фудбалски шампион Шкендија денеска и го комплеира двегодишниот договор со чешкиот интернационалец Јан Водра. Чехот настапува на левата бековска позиција. Во Шкендија пристигнува од редовите на Бохемијанс.
Претходно има играно и за екипите на Бањик Острава и Чешке Будејовице, а има настапувано и за младинскиот тим на најтрофејниот чешки тим, Спарта Прага.
Водра е четврто засилување за екипата на Шкендија, која ги засили своите редови за новата сезона уште со Башким Велии, Давор Талески и Влатко Стојановски.