Мицкоски: Му понудив на Ковачевски да го одбие предлог, а јас да се повлечам од предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција по средбата со премиерот Димитар Ковачевски, посочи дека побарал од Ковачевски да не го прифати францускиот предлог, а тој да се повлече од барањето за предвремени парламентарни избори.

-Му понудив на Ковачевски да го одбие овој предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени избори. Ќе ги ставам сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ за да и помогнеме на владата во сите предизвици, енергетски, предизвици со храна, безбедносни, и на пролет да седнеме и да направиме репроценка. Ова е преговарачка рамка со која или се асимилираме и бугаризираме како ЕУ или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ, кажа Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави