Јунајтед нема да му дозволи на Роналдо да замине

Манчестер Јунајтед нема да му дозволи на Кристијано Роналдо да замине од „Олд Трафорд“ ова лето. Португалскиот ас очајно сака да игра во клуб што ќе настапува во Лигата на шампионите, а „црвените ѓаволи“ тоа не можат да му го понудат.Роналдо побарал од Манчестер Јунајтед дозвола да го напушти клубот доколку за него дојде задоволителна понуда.

Сепак, Роналдо има уште една година од договорот, а новиот менаџер Ерик тен Хаг му објаснил дека е клучен играч во неговиот тим за претстојната сезона и очекува да остане.
Португалецот беше најдобар играч на Јунајтед во очајната сезона за клубот во кој не успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите. Одигра 37 натпревари и постигна 24 гола.

Роналдо од 2003 година со своите клубови настапувал во Лигата на шампионите и сака да продолжи да биде дел од елитното натпреварување. Тој се чувствува способен да игра најмалку уште две сезони и сака да забележи рекорди што долго време нема да бидат урнати.

Треба да знаете
Последни објави