Два авиони на Руската Федерација денеска во попладневните часови ќе ги однесат протераните 70 дипломати и вработени во руската амбасада и нивните роднини.
Информацијата ја потврди Министерството за надворешни работи на Бугарија, додека во доменот на шпекулациите е дека вкупниот број руски државјани кои ќе ја напуштат Бугарија е над 100 лица.
Бугарскиот премиер во заминување, Кирил Петков, на 28 јуни соопшти дека неговата земја протерува 70 руски дипломати и технички персонал од руската Амбасада во Софија. Исто така се протерува и перосналот на руските генерални конзулати во Русе и Варна.
Аргументот за статусот „персона нон грата“ е дека тие се занимавале со активности некомпатибилни со нивниот дипломатски статус и со шпионажа.
Русија се заканува дека ќе ги прекине дипломатските односи со Бугарија, но засега нема никаква одлука.