Марко Пејчиновски празнично го преплива Охридското Езеро од Струга до Св. Наум!

Младиот пливач-маратонец Марко Пејчиновски уште еднаш ја воодушеви македонската спортска јавност, овојпат на празникот на големиот светител и Чудотворец Св. Наум.

Денеска го заврши своето четврто препливување за ова лето на релација Струга – Св. Наум (30 километри). Препливувањето (прво во јули) успеа да го заврши со време од девет часа и 26 минути.

Пред седум дена, третпат во јуни, го преплива Охридското езеро, на делница од Радожда до Трпејца.

Марко летово има план да плива 10 различни делници, во вкупна должина од околу 250 километри.

Второто препливување во јуни беше од Радожда до Градиште (18 км) со време од шест часа и 40 минути, а првото беше на релација Радожда – Охрид (14 км) со време од пет часа и 25 минути.

Треба да знаете
Последни објави