Неколку застрелани во трговски центар во Копенхаген

Во трговски центар во Копенхаген дошло до пукање.

Повеќе лица се повредени, јави полицијата додавајќи дека на терен се излезени голем број припадници на полициските сили.

Не е јасно колку лица се убиени, а колку ранети. Околните улици се целосно блокирани.

https://twitter.com/i/status/1543637559141605376

Пукањето се случило само неколку часа пред почетокот на настапот на британскиот пејач Хари Стајлс. Тој настапува во блиската сала во 20 часот.

Полицијата соопшти дека е уапсен еден осомничен, но не соопштува никакви детали.

„Едно лице е уапсено во врска со пукањето во Филдс. Засега не можеме да кажеме повеќе за идентитетот на тоа лице. На местото на настанот има многу полицајци“, напишаа тие.

 

Во посебен твит, тие ги повикаа сите што се во трговскиот центар Филдс да контактираат со роднините.

Данскиот весник Берлингске разговараше со еден сведок.

„Беше лудо“, вели работник во продавница. Таа вели дека слушнала повеќе истрели и видела луѓе како трчаат одеднаш.

Таа вели дека потоа ја затворила продавницата и го напуштила центарот.

Треба да знаете
Последни објави