Христо Иванов: Власта во Скопје лаже дека има промени во предлогот за да го протуркаат кај нивната јавност

Лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, кој има имиџ на умерен политичар во дебата на Бугарската национална телевизија оценува дека нема никакви промени во предлогот што францускиот претсдател Емануел Макрон го нарече нов, а македонските власти велат дека е модифициран.

Иванов кој важи за коавтор на францускиот предлог, смета дека македонскиот премиер Ковачевски, претседателот Пендаровски, како и министрите Османи и Маричиќ, лажат дека се работи за нов подобар предлог само за да го убедат народот тој да биде прифатен.

Во телевизиска дебата на бугарската национална телевизиај БНТ учествуваа и новиот бугарски мандатар Асен Василев од ПП, и Мустафа Карадај од ДПС.

Иванов, во емисијата, вели дека изјавите на официјални македнски претставници дека биле направени измени во предлозите е со цел да ја „залажат“ јавноста во Македонија.

-Не го разбирам однесувањето на власта во Скопје, но најверојатно измислуваат дека има промени во предлогот, за да го протуркаат кај нивната јавност – вели Иванов.

Тој додава дека предлогот ги штити бугарските интереси во Македонија и дека дури и кога ќе почнат преговорите,

Македонија ја очекуваат десетина или повеќе години разговори со ЕУ, во кои Бугарија ги задржува правото и можноста да интервенира во различни степени од тој процес, при што бугарскиот став ќе биде поткрепен од Европската комисија.

Според Иванов, во наредните најмалку десетина години на преговори, Бугарија со предлогот ќе може постојано да притиска за да и се прифатат барањата од страна на Македонија. Тој смета дека Бугарија ќе мора да инвестира во македонската култура и образование.

Треба да знаете
Последни објави