Циципас: Кирјос постојано ги малтретира противниците

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас искажа замерки за однесувањето на Ник Кирјос (Австралија) од кого синоќа загуби во 1/16финалето на Вимблдон со 1-3, по сетови7:6, 4:6, 3:6, 6:7 кое помина со многу тензија.

– Навистина се надевам дека ќе создадеме почиста верзија на нашиот спорт, каде ваквото однесување е недозволиво. Треба да се преземе нешто околу ова. Не е во ред. Некој треба да разговара со него. Не можам да седам како робот и да не реагирам на никаков начин. Се уморуваш од ова. Се чувствував како да сме во циркус. Постојано нешто кажуваше, постојано се жалеше за нешто. Иако дојдовме да играме тенис, а не да водиме дијалози. Се обидов да не се провоцирам од тоа, бидејќи можеби е намерно. Тоа е негов начин да манипулира со противникот, да го собори, изјави Циципас.

Тој, исто така, кажа дека Кирјос извикувал „добар удар” по неговите грешки.

– Ова е постојано малтретирање. Постојано ги малтретира противниците. Веројатно, на училиште бил еден од оние кои се потсмеваат. Не сакам такви луѓе кои ги понижуваат другите. Има добри карактеристики, но има и нешто многу зло. Нешто што може да ги повреди луѓето, додаде грчкиот тенисер, кој два пати го „гаѓаше“ Кирјос со топка во телото.

Австралиецот, пак, збесна пред почетокот на третиот сет поради потег на Циципас.

Имено, Гркот исфрустриран од губењето на претходниот сет погоди една топка која заврши на трибините и можеше да удри и сериозно да повреди некого од публиката.

Тоа го инспирираше Кирјиос да побара казна за Циципас и побара супервизор да излезе на теренот и се закани дека нема да го продолжи натпреварот додека не се реши проблемот.

– Доведете ми ги сите надзорници. Нема да продолжам да играм додека не го решиме ова. Да го направев ова… О господе – продолжи Киргиос.

Циципас доби опомена за овој непромислен потег, но Австралиецот не можеше да се помири со фактот дека Гркот не е дисквалификуван.
Оваа ситуација потсети на случајот кога Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од УС Опен во Њујорк, на што Кирјиос во еден момент го потсети и супервизорот.

Во осминафинаето на Грен слемот во Лондон, Кирјос ќе се соочи со Брендон Накашима од САД.

Треба да знаете
Последни објави