Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на претседателот на Русија Владимир Путин му ги соопшти најновите информации од боиштето во Украина.
„Луганската Народна Република е целосно ослободена. Воспоставена е целосна контрола над Лисичанск и околните области, наведе Шојгу и додаде дека само во последните 24 часа руските сили и силите на проруските сепаратисти во и околу Лисичанск освоиле 182 квадратни километри територија.
Советникот на украинскиот претседател Володомир Зеленски, Олексиј Арестович, денеска изјави дека Лисичанск, последниот град под контрола на украинските сили во регионот Луганск, би можел да падне во рацете на руските сили бидејќи борбите се интензивираа викендов.



