Скандал на Вимблдон: Арогантниот Надал не дозволува противниците да слават поени

Рафаел Надал се пласира во осминафиналето на Вимблдон со рутинска победа над Лоренцо Сонего, но мечот поминаа со сцени кои не доликуваат на најпрестижниот турнир во светот. Најпрво Надал реагираше кога Италијанецот побара да биде затворен покривот на централниот терен.

Надал се лутеше што му беше прекинат добриот ритам, но и откако заврши паузата и теренот беше покриен, тој беше подобар и го доби мечот. Сепак, нервозата беше присутна, па повремено тенисерите си разменуваа и по некој збор, што не е баш соодветно за спортот кој се смета за џентлменски.

Сонего многу жестоко ги прославуваше своите поени, а во третиот сет, откако Сонего првпат направи брејки сервис, Надал го повика противникот на мрежа, и му префрли за викањето за време на поените.
Тој му објасни дека не треба да го слави брејкот толку енергично, односно да внимава како се однесува. Тоа го збуни Сонега, која за време на прославата не беше свртен кон Шпанецот, туку кон публиката.

Тогаш интервенираше судијата и исто така го предупреди Италијанецот, па тоа уште повеќе го збуни.

Надал веднаш го врати брејкот, па го заврши мечот, но при поздравувањето на Сонего на мрежата имаше што да му каже, му пречеше што Рафаел го опомена за тоа.

Впрочем, тие се огласија на прес-конференција. Италијанецот не го криеше разочарувањето од потегот на Шпанецот.

– Играчот не треба да го повикува својот ривал во мрежата. Не можете да го направите тоа на Вимблдон. Надал требаше да зборува со судијата. Ме вознемири, изјави Сонего по мечот.

На другата страна Рафа сфати дека погрешил, па се обиде да се извлече од ситуацијата.

– Не бев во право. Не требаше да го повикам на мрежата. Се извинувам за тоа, моја грешка“, изјави Надал на прес-конференција.

Треба да знаете
Последни објави