Хајредини: Османи да каже за што преговарале со Бугарите, кога цело време тврди дека Бугарија не ги спори ни името ни македонскиот јазик

Прашање е дали мораше и дали беше неопходно и најсоодветно, токму во време кога се решава еден од Бугарија наметнат чисто национален спор, министер за надворешни работи да биде еден Албанец и тоа по струка лекар, коментира на Фејсбук поранешниот министер Џевдет Хајредини.

При тоа го имам предвид и со устав загарантираното право на секој граѓанин да биде носител на било која функција во државата.
П.С.
Освен тоа, време е Бујар Османи да кажува за што со Бугарите, заедно со Бучковски, разговарале и преговарале, кога цело време тврди дека Бугарија не ги спори ни името ни македонскиот јазик и дека за тоа никогаш не се разговарало, вели Хајредини.

Треба да знаете
Последни објави