Вкупно 144 возачи се санкционирани во вчерашната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес што ја спроведе Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.