Вимблдон парично ги казни Циципас и Кирјос

 Грчкиот тенисер Стефанос Циципас и Ник Кирјос од Австралија заработија казни за лошо однесување за време на нивниот меѓусебен дуел одигран пред два дена.

Светскиот рекет број 5 Циципас е казнет со 10 илјади поради неспортско однесување. Гркот на средбата ја удри топката на трибините, доби и две опомени.

Кирјос, пак, е казнет со четири илјади парични казни за користење вулгарни изрази.

Претходно, Австралиецот беше казнет и со 10.000 долари поради плукање кон публиката. 

Треба да знаете
Последни објави