Во Германија регистриран прв извозен дефицит по повеќе од 30 години

Германија забележа трговски дефицит на месечна основа за првпат од 1991 година, поради повисоките увозни цени. Германскиот сојузен завод за статистика денеска објави дека во мај вредноста на извозот изнесува 125,8 милијарди евра, додека вредноста на увозот 126,7 милијарди евра. Тоа значи дека евидентираниот трговски дефицит на Германија изнесува една милијарда евра.

Аналитичарите порастот на увозот го припишуваат на инфлацијата.

Во текот на мај извозот од Германија во Русија е зголемен за 30 отсто во однос на април, кога поради нападот на Русија врз Украина и западните санкции падна за 60 отсто.

Сепак, обемот на германскиот извоз во Русија во мај остана на помалку од 50 отсто во споредба со истиот месец минатата година.

Треба да знаете
Последни објави