Бесните навивачи на Олимпија Љубљана не дозволија нивниот нов тренер, поранешниот шпански фудбалер Алберт Риера да ја оддржи првата прес-конференција, лути на одлуката на клубот да го избрка Роберт Просинечки.
Популарните „Greenn Dragons“, претходно присуствуваа на прес-конференцијата на поранешниот хрватски репрезентативец, кој ја обвини управата на клубот за „скандалозно“ однесување.
„Можеа да кажат дека не знам да работам, но не и дека не сум чесен. Со поголеми лажговци и преваранти никогаш не сум работел, а сум работел со многумина. Апсурден е начинот на кој се води клубот, тоа не би го режирал ниту Алфред Хичкок“, изјави Просинечки откако доби отказ по само три месеци, а од клубот објавија дека речиси секој ден останувал до 4 часот наутро, пиејќи алкохол и играјќи карти.
😡 ¡¡¡LAMENTABLE!!!
😱 Los ultras del Olimpija Ljubiljana expulsan a Albert Riera en su presentación como nuevo entrenador del club
📻 #PartidazoCOPE pic.twitter.com/hbpNG2cO5Q
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) July 4, 2022