САД: Убиството на новинарот Ширен Абу Аклех е ненамерно и резултат на трагични околности

Од Стејт департментот денеска изјавија дека не можат да го утврдиат потеклотото на куршумот што го уби американско-палестинскиот новинар Ширен Абу Аклех, во Западниот Брег во мај, но заклучува дека смртта најверојатно потекнува од оган од израелски воени позиции. 

Експертите утврдија дека куршумот е оштетен што е пречка за да се донесе јасен заклучок, се вели во соопштението од портпаролот Нед Прајс. 

-Во заклучок од истрагите на одбранбените сили на Израел и на палестинската власт, безбедносниот координатор на САД (УССЦ) заклучи дека оганот од изреалски одбранбени позиции е најверојатно одговорен за смртта на Ширен Абу Аклех, се вели во соопштението. 

УССЦ не најде причина да верува дека ова е намерно, најверојатно е резултат на трагични околности во текот на воена акција на израелските одбранбени сили против фракции на палестинскиот исламски Џихад на 11 мај 2022 година во Џенин, а по серија терористички напади во Израел, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави