Времето во земјава денеска и утре ќе биде многу топло, а во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.
Во среда на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за три до пет степени.
Нов влажен бран со пад на температурата, како што најавуваат од УХМР, ќе има од петок и за време на викендот.