Ги слушаме пораките од граѓаните околу францускиот предлог, но и пораките од меѓународниот фактор. Американската амбасада и ЕУ јасно истакнаа дека овој предлог треба да се прифати. Не знаеме се уште што има во протоколот. Ова покажува дека што и да понуди францускиот предлог, одредени партии ќе го одбијат, што не е во согласност со нашата цел за тргнување на бугарската блокада. Ние сега одбиваме нешто што не знаеме што содржи, вели пратеничката на ДУИ, Арта Биљали-Зендели.
Според неа, министерот Бујар Османи е „стабилен“ во врска со ситуцијата.
-Тој од почетокот се занимаваме со прашањата кои се важни. Тој сакаше да оди пополека, а не да се брза. По ниту една цена не сме за загрозување на вредностите на нашите сограѓани Македонци. Ставот на ДУИ е дека треба да се прифати. Протоколот не може бланко да го игнорираме или прифаќаме, додаде Зендели.