Група граѓани влегоа во дворот на зградата на Владата, каде трет ден по ред се протестира против францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија.
Граѓаните скандираат „Оставка, оставка!“, „Македонија, Македонија!“ и „Никогаш Северна“.
Дел од нив се судрија со полицијата која постави коридон пред зградата на Владата, откако ја пробија заштитната ограда.
Протестот го отвори пејачот Ламбе Алабаковски со македонската химна, порачувајќи: „Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“.