Проектот Европска Редакција (European Newsroom), од денеска и официјално започнува со работа, во него се вклучени 16 новински агенции од цела Европа, меѓу нив и МИА.
Европската Редакција има за цел да ја поттикне соработката на новинските агенции со дописништво во Брисел за да се подобри размената на информации, обуката, проверката на факти и стандардите во новинарството.
Носители на проектот се германската ДПА, но и француската АФП, а учествуваат агенции, приватни или државни, од Италија, Романија, Австрија, Албанија, Белгија, Бугарија, Шпанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Словачка и Северна Македонија.
Проектот доби грант од Европската Комисија во износ од 1,76 милиони евра. Вестите се објавуваат на мајчиниот јазик на секоја од агенциите секој понеделник и секој четврток. Еднаш неделно редакција бира една прекугранична европска тема, во која учествуваат агенциите со свој национален придонес и агол, оваа сторија се објавува на англиски.
Европската Редакција започна официјално со работа и објавување на вести денеска.
На овој линк може да ги видите вестите на МИА во рамките на редакцијата денеска.