Христијан Мицкоски заедно, рака по рака со Димитар Апасиев дејствува против ЕУ и заедно хистерично шират невистини.
Овој двоец лажеше за измислена Тиранска платформа, за кантонизација, за кампови со мигранти, сега лажат за измислена бугаризација која не постои.
За кое било прашање, формата на протест е уставно гарантирано право, но за предлогот на француското претседателство тече процес на широки консултации со сите политички и општествени чинители.
Само Мицкоски и Апасиев не сакаат да го прифатат фактот што во предлогот се вградени нашите забелешки и ставови, дека имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусности и дека историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.
Граѓаните да не подлегнуваат на лагите и хистеријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, македонскиот народ никој досега не успеал да го асимилира, ниту го асимилира и тоа нема да се случи ниту во иднина.
Оваа анти-НАТО и анти-ЕУ коалиција на Левица и ВМРО-ДПМНЕ не и мисли добро на државата туку напротив, сака да ја закочи, да ја блокира, да и наштети.
Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, но тие секогаш биле препознавани и поразувани, така ќе биде и сега.