Инцидент со пукотници од огнено оружје се случил на плажата Радиме, кај албанскиот приморски град Валона.
Како што пренесуваат албанските медиуми има повредени, а туристите во паника го напуштиле местото.
Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, а ангажирани се и припадници на единицата за брзо распоредување.
Пристигнaле и возила за брза помош. Засега не е познат мотивот за пукотниците.