АлтернАтивА: Го подржуваме францускиот предлог за отворање на преговорите и повикуваме за општествена и државна кохезија

АлтернАтивА го поздравува и го подржува вториот француски предлог, кој претставува поволна рамка, со која и за Република Северна Македонија се отвора можноста за почеток на преговорите за членство во Европската Унија и, притоа, повикува за општествена и државна кохезија околу овој предлог. Всушност, ние сме убедени дека овој предлог е најдобриот досега, со кој Северна Македонија добива европска перспектива без никаква опасност кон етничкиот идентитет на Македонците и на македонскиот јазик.
Затоа ние ги повикуваме сите политички партии во нашата земја да го сфатат најсериозно овој предлог и да не дозволат за скромни политички поени да загрозат историска шанса која е цел на повеќе генерации. Освен политичкиот спектар, овој предлог треба да ужива поддршка и од другите структури на општеството, бидејќи ваквото решение придонесува за посветла иднина на целото општество.
Како партија која пред шест месеци се приклучи кон ова мнозинство и на оваа влада со политички договор, во кој прва точка беше европската интеграција, АлтернАтивА смета дека сега и најголемите скептици и критичари треба да сфатат дека сме ја донеле најдобрата одлука, со што му дадовме шанса на европската перспектива на земјата, истовремено помогнавме, и како држава и како народ да влеземе во европскиот колосек. Понекогаш не е важно колку си голем, туку какви големи одлуки носиш. АлтернАтивА во тоа време направи голем подвиг, а тоа денес е реалност, која со својот чекор овозможи да се отвори европскиот пат за две држави и за повеќе народи на Западен Балкан.

Треба да знаете
Последни објави