Податоците од првата половина на 2022 година на територијата на СВР Битола покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првата половина на 2022 конкретно за моторциклистите можеме да кажеме дека оваа година немаме жртви моторциклисти, додека минатата година биле 2 жртви во првите пет месеци од 2021 година. Исто така и бројот на моторциклисти кои се здобиле со тешки телесни и телесни повреди е во намалување споредбено со минатата 2021година. Оваа кампања што денеска ја спроведуваме е за да влијаеме на свеста на возачите и на тој начин самите да си ја зголемат безбедноста. Ова особено важи за возачите на мотори, но и за возачите на електрични тротинети, кои се се помногубројни. Носењето кацига може да ви го спаси животот.