(Видео) Најмалку шестмина загинати во Италија при одрон на санта мраз

Најмалку шест лица загинаа, а уште осум се повредени во откачена лавина на Доломитите, која се случи среде топлинскиот бран. Уште десетина се сметаат за исчезнати, соопштија тамошните медиуми. На Твитер беше објавено дека сите спасувачки тимови се активни во областа, вклучително и кучиња трагачи и најмалку пет хеликоптери, пишува Си-Ен-Ен.

Одронот се случил на алпскиот врв наречен Мармолада, кој е нешто повисок од 3300 метри. Повредените алпинисти, меѓу кои и едно лице кое е во критична состојба, се префрлени во неколку болници во околината, изјавиле спасувачите. Локалната служба за итни случаи преку твит напиша дека постои сомневање дека 15 планинари биле во група каде имало несреќа.

Лавината се покрена во услови на рекордни температури за областа, кои достигнаа околу 10 степени Целзиусови. Многу делови на западна Европа, вклучувајќи ја и Италија, минатиот месец поминаа низ топлински бран.

„Она што започна како прекрасно патување со убав поглед на Мармолада во Италија, за жал, се претвори во нешто што нема да го заборавиме додека сме живи“, објави сведок на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави