Дирекцијата за заштита и спасување е подготвена за справување со евентуални пожарни претстојната летна сезона, потврди денеска директорот Беким Максути.
По предавањето донација од опрема за спасување од урнатини и тешки сообраќајни незгоди и поплави на противпожарните единици во Охрид и Струга, одговарајќи на новинарско прашање за подготвеноста на спацијалните авиони за гаснење пожари ер трактор, тој информира дека едниот е веќе вратен од сервис, додека другите два треба да стигнат набрзо.
– Пред две недели се вршеа тренинзи на Охридскот Езеро со авионот што е вратен од сервис. Другиот треба да се врати во текот на оваа или почетокот на идната недела и третиот се надеваме дека ќе го имаме до почетокот на сезоната на пожари, рече Максути.
Според него, биле извршени пробни летови и со пилотите, а продолжени им се и лиценците.
– Можам да ве уверам дека оваа година ќе ги имаме на располагање. Но, не само авионите, ќе имаме и друга опрема, како и доброволни друштва кои искажале заинтересираност да бидат дел од тимовите на ДЗС за справување со пожари, изјави директорот на ДЗС.
И покрај подготвеноста на Дирекцијата, според него, први на пожарите треба да одговарат службите на општините, односно територијалните против пожарни единици.