Од јануари до јуни годинава израелските безбедносни сили убија 60 Палестинци во окупираниот Западен Брег и анектираниот источен Ерусалим, што е за 46 проценти повеќе од првите шест месеци во 2021 година, соопштија Обединети нации.
Во првата половина од 2021 година убиени се 78 Палестинци, додека во 2020 година животот го загубиле 24 Палестинци.
Локалната Канцеларија на Обединети нации за човекови права наведе дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) користат смртоносна сила „на начин, што се чини, дека е целосно неконзистентен со законот за човекови права”.
– Во неколку инциденти, смртоносната сила се чини дека е употребена како прво, наместо последно средство за спротивставување на наводната закана, се наведува во извештајот на ОН.
ИДФ изминатите месеци ги интензивираа операциите во Западниот Брег како одговор на серијата напади врз Израелците.