Николоски се сретна со Алабаковски: Тој не е пироман

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски попладнево објави дека остварил средба со пејачот Ламбе Алабаковски.

Николоски потенцира дека пејачот не е пироман.

-Тој не е пироман, тој е ѕвезда и горд Македонец. А Владата на СДСМ и ДУИ е предавничка, објави Николоски на социјалните мрежи.

Алабаковски вчера од импровизирана бина пред Владата ја испеа државната химна пред протестот и порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам, по што симболично го запалил листот на кој биле испишани овие договори.

Алабаковски е обвинет за предизвикување општа опасност, откако во саботата пред доаѓањето на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на средба со Бујар Османи го потпали влезот на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Откако беше упасен, тој го призна делото, па му беше одредена мерка притвор од осум дена, по што беше преиначена во куќен притвор.

Треба да знаете
Последни објави