Шведска и Финска со ставови дека ќе придонесат за јакнење на безбедноста на сојузниците во НАТО

Како идна членка на НАТО, Шведска ќе придонесе за безбедноста на сите сојузници, а ние сме убедени дека нашето членство ќе ја зајакне Алијансата, изјави министерката за надворешни работи на Шведска Ан Линде во седиштето на НАТО по церемонијата на потпишување на протоколот за пристапување на Шведска и Финска во Алијансата, со што започнува формалниот процес на ратификација.

– Ќе направиме се што е во наша моќ да придонесеме за колективната одбрана на НАТО, рамо до рамо со другите сојузници. Одлуката на шведската влада има голема политичка и јавна поддршка во Шведска и веруваме дека влезот во НАТО е најдобриот начин Шведска за нејзината национална безбедност, рече Линде.

Таа додаде дека се надева на брз процес на ратификација, бидејќи Турција претходно го блокираше влезот на овие нордиски земји во Алијансата, обвинувајќи ги дека засолнуваат луѓе што ги смета за терористи.

„Ќе имаме заеднички механизам за решавање на проблемот, па се надевам дека сите три земји ќе видат дека ова е добар меморандум што турскиот парламент ќе го признае и ратификува”, додаде Линде.

Министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто, рече дека од гледна точка на Финска е добро да се има долгорочен и многу добар однос со Турција.

Треба да знаете
Последни објави