Денеска се играат првите натпревари од првото квалификациско коло во елитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите, од каде стартува и македонскиот првак Шкупи. Вечерва од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, чаирчани ја почнуваат европската пријказна во ЛШ како фаворити против Линколн Ред Импс од Гибралтар.
Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски ја прифаќа фаворитската улога, но не дозволува неговите избарници да влезат во мечот со помислата дека работата е завршена. Смета дека Шкупи е подготвен за европскиот предизвик, но тоа ќе мора да го докажува на теренот во секој момент и против секој противник.
Доколку не се случи некое изнеандување, во двомечот со тимот од Гибралтар, Шкупи во 2. квалификациско коло на ЛШ ќе игра против хрватскиот првак Динамо Загреб.
Двојки за денешните натпреаври од 1. квалификациско коло од ЛШ
18.00 часот Пјуник Ереван – Клуж
19.00 часот Малме – Викингур Рејкјавик
19.45 часот Лудогорец – Сутјеска
20.00 часот Балкани – Жалгирис
20.00 часот Лех Познањ – Карабах
20.00 часот ТНС – Линфилд
20.30 часот Шамрок Роверс – Хибернијанс
20.45 часот Шкупи– Линколн Ред Импс