Емисиите на цврсти честички во погоните на Макстил за три пати пониски од дозволените гранични вредности

Редовните мерења на емисиите на цврсти честички на двете мерни точки во производниот погон на Макстил во вториот квартал од годината покажуваат за речиси 3 пати пониски вредности од дозволените гранични вредности пропишани од Министерството за животна средина и просторно планирање. На емисиона точка Оџак од филтер постројка, каде дозволената гранична вредност е 20 mg/Nm3, во овој период највисока вредност е измерена во месец јуни и изнесува 7,33 mg/Nm3, додека во претходните два месеци изнесуваше 3,66 mg/Nm3 (во април) и 2,13 mg/Nm3 (во мај). На втората мерна точна, Оџак на пескара, каде дозволената гранична вредност изнесува 30 mg/Nm3, во истиот период највисока вредност на цврсти честички од 11,21 mg/Nm3, е измерена во април, во мај се измерени 10,38 mg/Nm3, а во јуни само 4,23 mg/Nm3.

 

Компанијата Макстил врши редовно објавување на резултатите од мерењата не двете мерни точки коишто се споредуваат како со вредностите пропишани од Министерството за животна средина, така и со стандардите кои произлегуваат од А-интегрираната еколошка дозвола и пропишаните европски гранични емисиони вредности. Во целиот период откако се прави мерењето, вредностите измерени во Макстил секогаш се неколкукратно пониски, а некогаш и до 20 пати помали од дозволените гранични вредности според која било од трите референтни скали и ниту еднаш не биле над овие граници.

 

Намалувањето на емисиите на цврсти честички во Макстил се должи на обемните

инвестиции во современи технолошки процеси за контролирање на производството и

редуцирање на емисиите кои ги спроведе компанијата, а со цел максимално намалување на вредностите на емисија на цврсти честички.

Треба да знаете
Последни објави