Карлеуша: Се договоривме со Душко да се разведеме

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ и пејачката Јелена Карлеуша се разведуваат по четиринаесет години брак.

Познатата пејачка оваа информација ја објави на нејзиниот инстаграм профил.

„Јас и Душко се договоривме да го прекинеме нашиот брак со заедничка согласност по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период. За овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да барам разбирање од медиумите бидејќи е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста… па ајде“, напиша Карлеуша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Почетокот на крајот на оваа романса се случи на почетокот на 2019 година, кога во јавноста беа откриени деталите од аферата меѓу Јелена Карлеуша и босанскиот фудбалер Огњен Врањеш. Социјалните мрежи беа преплавени со видеа и слики од нивните интимни делови. Додека Врањеш постојано ја потврдуваше аферата со сопругата на неговиот колега, Ј.К решително демантираше се, негирајќи дека имала нешто со Врањеш. Аферата имаше свој епилог на суд.

Иако и Тошиќ и Карлеуша тврдеа дека тоа не влијаело на нивната врска, факт е дека од тогаш не сме ги виделе во поинтимна врска.

Без афера не остана ниту Душко Тошиќ. За него се врзуваа бројни убавици, а една од нив е и Ана Јовановиќ, поранешна сопруга на популарниот поп пејач Пеѓа Близанц. Тогаш во чаршијата се зборуваше за аферата на Тошиќ со 15 години помладата Софија Шашиќ, ќерка на пејачот Жељко Шашиќ. Со месеци ја криеја својата романса од Јелена, но сепак не успеаја да ја сокријат.

Неговото име се поврзуваше и со фаталната Софија Милошевиќ, која има афинитети кон фудбалери, особено ако се српски репрезентативци, бидејќи била во отворена врска со Адем Љајиќ, а моментално е во брак со Лука Јовиќ. Софија ги негираше тие обвинувања, тврдејќи дека Карлеуша и е пријателка.

Судејќи по бројните афери, нема сомнеж дека двајцата наскоро ќе се впуштат во нови романси кои повторно ќе бидат во фокусот на интересот на регионалната јавност.

Треба да знаете
Последни објави