СТОП ЗА НАПАДИТЕ ВРЗ ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ‼️‼️
Македонскиот полициски синдикат , како единствен реперезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи на РСМ🇲🇰 , ⚠️НАЈОСТРО⚠️ ги осудува напади врз полициски службеници ‼️
Македонскиот полициски синдикат го известува своето членство и целокупната јавност во нашата држава, дека во континуитет работи и сериозно се залага да се документираат и да се профилираат сите напади врз полициските службеници при вршење на работните задачи и притоа да се идентификуваат евентуално системски недостатоци , во контекст на отстранување на недостатоци во системот на заштита на нашите колеги.
Цврсто сме решени да го интензивираме овој процес што бара постојана опсервација и ангажман , но исто така сме сигурни дека само така ќе овозможиме натамошно унапредување на позицијата на полицискиот службеник во делот на неговата лична безбедност и заштита на неговото здравје👮♂️👮♀️
Трендот на напади врз полициски службеници само затоа што професионално си ги извршуваат работните обврски и задачи , спроведувајќи го законот⛔МОРА ДА ЗАПРЕ⛔
Сметаме , уверени сме и стоиме цврсто на ставот дека секој напад врз полициски службеник , односно било какво девијантно однесување кон , пред се – луѓето , кои секојдневно се грижат за безбедноста , редот и мирот во нашата држава , на индиректен начин претставува напад врз Република Северна Македонија 🇲🇰
Правосудните органи мора да започнат да ги процесуираат нападите врз полициските службеници во најбрз можен временски рок , притоа паралелно да се заостри казнената политика , со цел елиминирање на појавата на напади врз полициски службеници‼️
Како синдикат , сметаме дека ова е единствениот начин , за да бидеме сигурни , дека во случај на напад врз полициски службеник , институциите ќе реагираат брзо и ефикасно , за да сторителите бидат најстрого санкционирани‼️
Напоменуваме дека за сите наши активности , ќе бидат известени сите пријателски полициски синдикати од земјите на ЕУ , членки на Советот на Европските полициски синдикати во кои членуваат околу 350.000 полициски службеници , со барање истите будно да ја следат сосотојбата со појавата на напади врз полициски службеници во нашата земја , на активностите и правните исходи , од понатамошните одлуки на надлежните органи и институции .
Македонскиот полициски синдикат , секогаш ќе биде на страната на полицајците кои чесно , одговорно и професионално ги извршуваат своите работни обврски и задачи ‼️
Само на тој начин ќе придонесеме граѓаните да ја прифатат полицијата како институција која е во служба на граѓаните .
Професија која е главен столб и постулат во РСМ и ја гарантира државноста , безбедноста , сигурноста и истовремено – пријател и заштитник на граѓаните🇲🇰👮♀️👮♂️🇲🇰
Ние како Македонски полициски синдикат ќе ги штитиме нашите членови со сите средства што ни стојат на располагање .
Македонскиот полициски синдикат во континуитет вложува труд и беспрекорен напор во заштитата на безбедноста по здравјето на нашите членови како и во унапредувањето на правата од социјален аспект на нашите членови , на заштита на ликот и дигнитетот на полицаецот и полициската професија‼️
На крајот уште еднаш повторуваме , никогаш нема да дозволиме сторителите на физички и вербален напад врз полициските службеници , да поминат без одговорност и соодветна казна‼️
Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев