Најмалку 11 лица се повредени при полициската интервенција против демонстранти кои протестираат против државниот удар во главниот град на Судан, Картум, пренесе Бета.
Според Суданскиот лекарски комитет, кој го следи бројот на повредени во протестот, полицијата употребила солзавец на демонстрациите доцна синоќа и притоа повредени се демонстранти во глава.
Претходно, лидерот на воените власти, генерал Абдел Фатах Бурхан, најави дека армијата ќе се повлече од преговорите за решавање на политичката криза во земјата, кои се водат со продемократското движење на Судан со меѓународно посредништво. Тој вети и дека ќе го распушти воениот државен совет кога ќе се формира новата преодна влада.