Полицијата ги истурка демонстрантите од пред зградата на Собранието. Ги разбрка кон Жена парк, при што огромна бројка на луѓе почнаа да бегаат. Полицијата приведе неколку демонстранти, а група граѓани повикуваа да ги ослободат.
„Пуштете ги децата“ извикуваа сите и продолжија да фрлаат со предмети кон полицајците.
Се зголеми бројот на полициските сили, некои од нив имаат и полициски кучиња.
Според информациите од терен, има повредени полицајци, а пристигнаа и возила на Итната медицинска помош.