Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека регионалната иницијатива Отворен Балкан ќе помогне, меѓу другото, да ја одвои Србија од Русија односно Москва да нема повеќе влијание врз Белград. Рама порача дека Србија треба да влезе во ЕУ наместо да се остави на влијанието на Русија, пренесува Перископи.
– Русија има јасно влијание внатре, има некои традиционални врски. Сметам дека треба да ја земеме Србија со нас и да не ја оставиме под руско влијание . Отворениот Балкан помогна, како и ставот да се кажуваат јасно работите, да се охрабри Србија да стане дел од ЕУ и да ги почитува санкциите, но од друга страна да разбере дека ќе и треба време, тоа е вистинскиот став – рече Рама за време на средбата со холандскиот премиер Марк Руте во Амстердам.
На тема Отворен Балкан, Рама, разговарал со Руте и со другите лидери на ЕУ и во таа прилика посочил дека Балканот е најранливиот дел од синџирот што може да биде засегнат и е далеку од прекинат како резултат на војната во Украина.
Во врска со предлогот на францускиот претседател за нова европска политичка заедница, Рама оекува тој да го собере Балканот на маса за разговори за теми од меѓународно значење.