Што сте вие луѓе ли сте, предавници, им порача пејачката Ребека Јанковска-Ристески на денешниот протест Ултиматум – НЕ благодарам од пред Собрание на властите. Пејачката пред Собранието го преименува Макрон во Морон. Го праша Бујар Османи каде се родил, каде се лекува, каде израснал откако тој рече дека нема емоции во преговарањето. Таа додаде: „Не може да нема емоции!“, и побара оставка од него.
Јанковска-Ристески смета дека не се европски вредности тоа што Бугарија бара од нас да се откажеме од македонскиот јазик, историја и култура.
-Ви ги гледав лицата и знаете што видов, ви пишуваше: Смрт за Македонија. Срам да ви е! Знаете како? Имаме прекрасни пејачи и поети, прекрасна е Македонија. Анте Поповски вели: „…Немаме резервна татковина, Македонија ни е сѐ, лулка и татковина!“ Вие се нарекувате Македонци? Која мајка ве родила? Македонскиот народ е мирољубив и никогаш никој не напаѓал. Ние не ги окупиравме соседите Бугарите и никого не му пречиме и никого не уценуваме да зборува како сака и да се вика како сака. Па нели тоа беа европските вредности? Предавници! Колку пари зедовте? Призајте!“, рече Ребека.
Таа додаде дека владата со овој француски предлог ја донесе и државата и граѓаните во ситуација на потчинетост, споменувајќи ја изјавата на Бујар Османи кога изјавил дека кога преговара за македонските национални прашања нема никакви емоции и побара оставка од влада.
Не донесовте во ситуација на потчинетост. Требаше одамна да кажете НЕ, гласно НЕ. Го слушнав еднаш Бујар Османи немал емоции кога разговарал и преговарал за прашањето за Македонија, немал никакви емоции, но извини нема да ви помине. Па каде си роден ти министре, изјави Јанковска-Ристески.
Јанковска-Ристески потенцираше дека нејзино право е да е Македонка и да зборува на македонски јазик, порачувајќи дека не смее да има промена на историјата во учебниците.
Моето право е да бидам Македонка, да зборувам на македонски јазик, да имам македонска историја и да учам во школо на македонски јазик и да не ги менуваат учебниците на моите деца, истакна Јанковска-Ристески.
„На ‘Гугл’ за нашите херои пишува: Бугарски Македонци. Европа не ја замислував ваква! Моето право е да бидам Македонка, да зборувам на македонски јазик и да не ги менуваат учебниците на моите деца! Тие нам ќе ни кажат од кога постоиме небаре сме малоумни! Стотици години постоиме и ќе постоиме! Не може да нѐ сотрат!“, додаде таа.
„Ако стоиме вака, нема да им се стресат гаќите! Да го блокираме системот, од утре никој ништо да не работи“, порача Ребека.