Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во вечерерашното гостување на ТВ 21 за францускиот предлог рече дека од времето на претседателот Киро Глигоров, до денес, ова е најлош предлог, но и дека следниот предлог ќе биде уште полош.
-Имам 30 годишна политичка кариера. Ќе кажам дека ова е најлошиот предлог до сега, од времето на Киро Глигоров до денес. Наредниот ќе биде уште полош предлог, рече тој.
За тоа зошто го вели тоа, Тачи вели дека нема шега со меѓународниот фактор.
-Тие ти нудат компромис. Треба компромис за подобра иднина. Ова не е француски предлог, ова е предлог на ЕУ. Со овој договор дефинитивно ставаме крај на влијанието на Русија во Македонија. Никој не вели дека е дискутабилен македонскиот јазик и идентитетот на Македонците. Албанците имаат разбирање и се на страната на нивните сограѓани Македонци, рече Тачи.