Демонстрантите ја урнаа оградата од пред Собранието. Помала група влегоа на тревата пред Законоданвиот дом.
Фрлаат со факели, петарди, камења, шишиња и други предмети кон зградата. Како што може да се види искршени се прозори и оштетена е фасадата на Собранието.
Можат да се слушнат повици за оставка, навредливи зборови кон политичарите, премиерот, претседателот на државата, министерот за надворешни работи.