И во Подгорица се протестир против договор за уредување на односите со СПЦ

Пред зградата на Владата на Црна Гора се одржа нов протест поради најавата на премиерот Дритан Абазовиќ дека Владата в четврток ќе се произнесе по Темелниот договор за уредување на правната рамка на односите со Српската православна Црква. Учесниците на протестот, меѓу другото, порачаа дека таквиот текст на Темелниот договор е штетен за сите граѓани на Црна Гора, истовремено повикувајќи ја Владата „наместо митоманија, конечно да ја донесе европска иднина“.

Милош Ѓуричковиќ, член на Организацискиот одбор на протестот, порачал дека „постојат индиции дека идната недела ќе биде изгласан капитулантскиот договор“.

Портпаролот на Либералната партија Амар Боранчиќ изјави дека смета оти со уривањето на владата на Здравко Кривокапиќ ја вратиле земјата во рамките на граѓанска и европска Црна Гора. „Договорот со Српската црква очигледно има за цел создавање држава во држава. Ако Владата не се откаже, прашање е до кога ќе потрае“, рече Боранчиќ.

Организаторите најавија повторно да се одржи протестен собир непосредно пред одржувањето на закажаната владина седница. На протестот, меѓу другите, присуствуваа и пратеникот на Социјалдемократската партија (СДП) Драгиња Вуксановиќ Станковиќ и портпаролот на Социјалдемократите (СД) Никола Зиројевиќ.

Треба да знаете
Последни објави