Луд и незаборавен фестивал на „Школка“

Во саботата (02.07.2022), во Градскиот парк на „Школка“, Скопје беше сведок на „најлудиот“ музички фестивал ова лето, – Crazy Summer Festival.

Фестивалот беше организиран од страна на израелската компанија, CrazyLabs, којашто е дел од Embracer Group и е меѓу топ 5те глобални девелопери за развој и издавање на hyper-casual и casual мобилни игри.
На петчасовниот летен настан од отворен карактер, голем број на посетители од различни возрасти уживаа во безвременските хитови на големите македонски ѕвезди Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Тони Зен и ДиЏеј Бугимен.

Освен забавна музичка атмосфера, за време на настанот беше овозможено играње на дел од мобилните игри на компанијата, коишто беа адаптирани за играње во живо на самиот настан за сите присутни посетители, како и земање дел во интересни и креативни предизвици, коишто дефинитивно го привлекоа вниманието на публиката.

Игрите се идеја и дело на вработените на CrazyLabs, чијшто тим е распространет во неколку земји во светот покрај Македонија, како Израел, Кина, Германија и Украина.
CrazyLabs ветува дека овој настан ќе стане омилена традиција во главниот град, а подготовките за следниот фестивал се веќе започнати.

Треба да знаете
Последни објави